Солидарност Веб страна за донации на Црвен крст на Република Северна Македонија

Вие сте на ред

За промените кои треба да се случат

Страницата за донации – „СОЛИДАРНОСТ“ е дел од активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија. На страницата се објавуваат информации за сите активни хуманитарни иницијативи на Црвениот крст за донирање средства наменети за поддршка на различни целни групи на население.

Почитувани,

Сега е вистинскиот момент со Вашата помош да направите позитивни промени во заедницата. Потребно е сите да дадеме придонес во справување со прашањата како што се борбата против сиромаштијата, гладта, унапредувањето на здравјето, напредокот во образованието.

Со Вашата донација во хуманитарни цели помагате, но и поттикнувате други граѓани и правни субјекти да веруваат во истите причини како Вас и да донираат. Со вклученост на поголем број донатори се потврдуваат нашите напори да постигнеме поголемо влијание за општествени промени.

Донирајте според Вашата желба и можности.

Ви благодариме за Вашата донација!

Солидарност е платформа создадена од Црвен крст на Република Северна Македонија чија цел е зголемување на свеста кај граѓаните и помош на оние кои имаат потреба.

Временска рамка на донации

  1. ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА

    15.000

  2. ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА

    23.000

АКТИВНИ ДОНАЦИИ

Менаџирање со катастрофи на локално ниво

Подготвеноста и одговорот при катастрофи, претставува една од главните функции на Националното друштво на Црвен крст на РСМ и Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје кои се регулирани со Законот за заштита и спасување и Законот за Црвен крст. Катастрофите што се случија во изминатиот период, од направените анализи и согласно препораките, наложија воспоставување на

Прочитај повеќе »

Навремен и безбеден медицински транспорт до здравствени установи

Здравствените и социјални сервиси се едни од значајните сегменти на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Со  нивното доближување до граѓаните во нашата држава, Црвениот крст се стреми кон трансформација на начинот на нудење и проширување за можностите на истите, преку воспоставување на социјални самоодржливи модели. Со поставувањето на сервисот – Итно копче во градот Скопје, наменет за постарата популација

Прочитај повеќе »

Поголема конкурентност на пазарот на труд

Лицата со ниско ниво на образование или без квалификации, припаѓаат на најголемата група на невработени лица во земјата. Долгорочната невработеност придонесува за губење на вештините на невработените лица и зголемена социјална исклученост. Особено долгорочните невработени неквалификувани жени воопшто не се конкурентни на пазарот на трудот и практично им е оневозможено да најдат вработување. Нивниот потенцијал и можноста за интеграција на

Прочитај повеќе »

Дадете помош на оние на кои им е потребна

Кампањи

Хуманитарна акција за помош на ранливо население „Вашиот прилoг – значајна помош“

Црвениот крст на Република Северна Македонија oд  19 до 25 април  2021 година во рамките на традиционалната „Недела на солидарност“ организира хуманитарна акција под мотото:

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ »
top