Хуманитарна акција за помош на ранливо население „Вашиот прилoг – значајна помош“

Црвениот крст на Република Северна Македонија oд  19 до 25 април  2021 година во рамките на традиционалната „Недела на солидарност“ организира хуманитарна акција под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“. Акцијата има за цел да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка, како и да се обезбеди соодветна помош за најранливите категории на население.

Помошта ќе се обезбедува од правни субјекти и граѓани, имено правните субјекти се повикуваат да донираат директна помош  во храна, средства за хигиена и средства за дезинфекција, свои производи и парични средства. Имајќи ја во предвид актуелната состојба со КОВИД 19, граѓаните се повикуваат исклучиво да помогнат со парични средства, заради безбедност на сите нас.

Со собраните средства ќе се набават пакети со храна и истите ќе се дистрибуираат на семејства во социјален ризик.

Со секој обезбеден пакет со храна – овозможувате да се помогне на што поголем број семејства на кои таа помош им е неопходна.

 

Online донации – наскоро

top